Monday, August 15, 2011

Mixing the prints

?




Мешањето на принтови е навистина голем тренд оваа сезона. Го видовме и на модните писти, и по модните блогови, но и голем број на познати го носеа овој тренд. Но сепак мешањето на принтови лесно може да се претвори во катастрофа (благо кажано) доколку се претера.


Најважното правило кое мора да го знаете е да внимавате на боите. Доколку комбинирате принтови со слични бои или нијанси кои си одговараат, нема да погрешите и ќе избегнете да изгледате како целосна будала. Не комбинирајте повеќе од два принта заедно. И уште нешто, комбинирањето со линии е најлесно, буквално секој принт оди со нив.



Јас лично не сум доволно храбра за ваков чекор, а тоа значи да се облечам така и да прошетам надвор (не, фала). Пред се заради чудните погледи на луѓето, кои сигурно би се запрашувале: Кој е нејзиниот проблем?. Сигурна сум дека и комшиите би ме прашале каде одам (така облечена!).
Но доколку вас ви се допаѓа  и ја имате потребната храброст, слободно и самоуверено носете го овој тренд.

Mix the prints 2



Mix the prints

Mix the prints 3
  


Ова беа неколку комбинации кои ги направив. Се надевам ви се допаднаа.


Матеја :)

No comments:

Post a Comment