Па наместо црно моливче одлучив да купам, неколку моливчиња за очи во најразлични бои, пред се јаки бои. Но како што во нашите продавници ретко кога има тоа што го бараш, јас купив само 2 моливчиња во тиркизна и сребрена боја. И така централен дел во шминкањето на очите стана моето ново омилено тиркизно моливче. Само една тенка црта и многу маскара се доволни за впечатлив но интересен изглед.

Експериментирајте со боите, сепак е лето и тоа е дозволено. Кога ако не сега. Наместо суптилни и нежни нијанси, изберете јаки и впечатливи бои. Тиркизно, циклама, корално црвено, портокалово, зелено, лилаково, па дури и жолто. Сигурно ќе бидете забележани.
За дневна прошетка доволно ви е да ги нашминкате очите, а усните да ги оставите неутрални со малку безбоен сјај, и малку руменило на лицето. За вечерно излегување можете усните да ги нашминкате појако. Но сепак внимавајте да не изгледате како да сте маскирани за Ноќта на вештерките.
Уживајте во летото и боите.
Матеја
No comments:
Post a Comment