Friday, August 12, 2011

3 Items = 4 Looks

4 looks


Според мене, смислата на модата и градењето на сопствениот стил се состои во тоа да се искористи максимумот од она што го поседуваш. А тоа значи да комбинираш, да експериментираш и да смислуваш нови комбинации со тоа што го имаш дома.
Но сепак сметам дека, за една комбинација да изгледа совршено, потребни се додатоците: чевли, чанти, накит, марами, ремени, наочари, итн. Тие ќе ви помогнат да создадете различни изгледи.



Јас направив 4 комбинации користејќи 3 парчиња облека. Но ќе напоменам дека со само овие три парчиња облека можете да направите 1.000.000 комбинации и сите да бидат различни, нормално доколку би ги имале сите ташни, чевли и накит ... кои постојат на светов (скромно, знам). Сакам да кажам дека треба да комбинирате со работите кои ги имате на располагање, да не се плашите од нови комбинации. Со вистинските додатоци секогаш би изгледале совршено.

It's coffee time

1. Секојдневен изглед, за прошетка низ град, на кафе со другарки или за школо.
За секојдневна комбинација секогаш би одбрала балетанки, затоа што се најудобни и без проблем би го поминала цел ден во нив. За да биде оваа комбинација порелаксирана ставив цветна марама, која дава интересен бохо шмек. Уникатниот накит, малата ташничка и ременот го комплетираат овој изглед.

It's shoppin time

2. Секојдневен изглед за шопинг, па дури може и за на работа.
Во овој изглед додатоците се поедноставни и поелегантни. Бело-црните балетанки одговараат совршено со големата бела чанта. Златниот часовник дава пософистициран изглед (и плус ќе ви помогне да не се заборавите со шопингот).


Party look

3.Вечерен изглед, за коктел забава.
Тука се се врти околу уникатниот накит, златно ланче и големиот коктел прстен. За секоја коктел забава обавезни се високи штикли. Но наместо обични црни салонки, ставив плави сандали со златни детали. Изгледот го дополнува ташничката со монистра.

Party look

4.Вечерен изглед за летна забава, покрај море, базен :)))
Овој изглед е дефинитивно порелаксиран од предходниот. Но јаките бои на сандалите и обетките го прават интересен и модерен. Со сандалите на платформа и малата торбичка за преку рамо, ќе си обезбедите вечер помината без болки во нозете и грбот, но и забавна вечер со многуу играње. Ах, го обожавам летото.

Се надевам дека ве инспирирав барем малку повеќе да комбинирате и да уживате во модата.

И да, сите сетови се креирани од мене, на Polyvore. :)


Матеја :)

No comments:

Post a Comment