Saturday, September 3, 2011

Summer essentials in fall

S/F

Во предходниот пост ви покажав некои од моите омилени колекции за Есен/Зима 2011. Иако есента сеуште не е почната и топлото време уште ме убива, одлучив уште еден пост да посветам на модата во есенскиот период.
Претпоставувам дека како и мене повеќето од вас, кога ќе настапат ладните денови, целата летна гардероба ја пакуваат (на безбедно и сигурно место!) и не ја вадат се додека не дојде првиот топол бран. Тука тоа обично се случува во април. Но оваа година, оставете неколку од вашите омилени летни парчиња и искомбинирајте ги со есенската/зимската гардероба. Јас ќе се потрудам да ја оставам цела летна гардероба и искрено се надевам дека мојот скромен плакар ќе ја издржи тежината.
Нормално, за да не замрзнете облечете нешто плус. Како на пример јакна, сако, некое џемперче или кардиган, ставете шал и капа, некои убави чизмички и најобавезно ...  хулахопки!!!!
Но не заборавајте да додадете по малку шаренило и забава во есенската гардероба, а тоа можете да го направите само преку додатоците, ланчиња и обетки во интересни бои, коктел прстени, големи сатови, интересни ташнички, удобни балетанки, чизми или високи штикли. Вметнете и разиграност со користење на некои од популарните летните трендови, како јаки и дречливи бои, “блокирање“ на боите (color blocking), мешање на принтови, детали од чипка, итн...



transition


-Омилениот летен фустан

Transition

-Шарена сукња

transition

-Кратки шорцеви

transition

-Омилената блузичка со кратки ракави

Transiton



-Детали од чипка

Се надевам ви се допаднаа моите предлози :) Имајте убав викенд!
Матеја :) 

3 comments:

  1. Ми се допаѓаат сите предлози :)

    http://fashioncareofwoman.blogspot.com/

    ReplyDelete
  2. Многу интересен пост.
    Супер. :)

    ReplyDelete
  3. Very nice post my dear!!! We are both on Polyvore and I sow the link ther!

    All the best
    Veronica

    http://bittersweetcolours.blogspot.com/

    ReplyDelete